(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ има инвестирано повеќе од 3,3 милијарди евра - не смееме да ја испуштиме оваа историска шанса

-Европската Унија веќе години наназад е наш најголем економски партнер. Не постои друга алтернатива која може да обезбеди подобар животен стандард за нашите граѓани, пишува на ФБ премиерот Димитар Ковачевски објавувајќи промотивно видео од кампањата „Ние сме Европа“.
„80% од нашиот извоз оди во земји кои се членки на ЕУ и 50% од нашиот увоз доаѓа од земји членки на ЕУ.
Европската Унија е наш постојан поддржувач. Од нашата независност до денес имаат инвестирано повеќе од 3,3 милијарди евра во нашата држава. Не смееме да ја испуштиме оваа историска шанса за нашата економија. Европската Унија е наша единствена алтернатива, нашиот пат кон неспоредлив економски раст и посветла европска иднина“, стои во објавата на премиерот.
31.08.2023 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа