(ВИДЕО) Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог


Стево Пендаровски лажеше дека нема видено Француски предлог, се одрекуваше и негираше, за само по неколку месеци да признае дека Францускиот предлог е всушност изработен од него, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Стево Пендаровски е политичар без став, рече Лефков.

„Нема изјава која Пендаровски сам не си ја негирал.

Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се, ниту пак кога ја говори вистината.

Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал.

Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг. Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент.

Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС се извор на сите проблеми кои Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, посочи Лефков.

19.03.2024 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега