(ВИДЕО) Мојсовски: Со 69,5 милиони денари ја реконструираме салата „Партизан“

 
„Владата предводена од СДСМ и во време на светска економска криза, продолжува со инвестиции за унапредување на спортската инфраструктура.
Започна реконструкцијата на спортската сала Наум Наумоски Борче, популарно позната како „Партизан“ во скопски Карпош“, истакна претседател на Комисија за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски во своето денешно обраќање.
 
„Со 69,5 милиони денари од државниот Буџет овој важен спортски објект ќе биде целосно реконструиран, модерно уреден со нови содржини.
Салата „Партизан“ повторно ќе биде достапна за спортските клубови и рекреативци од Карпош, но и од цело Скопје.
 
Реализиравме уште едно ветување дадено пред граѓаните, го враќаме сјајот на овој репрезентативен објект важен за карпошани, важен за скопјани.
СДСМ продолжува да се грижи за спортот и да ја развива спортската инфраструктура во секоја општина, во секое населено место“, изјави Мојсовски на денешната пресконференција. 

27.04.2022 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега