(ВИДЕО) На Боинг 777 му падна гума, во него имало 249 луѓе


Боинг 777 вчера принудно слета во Лос Анџелес, откако му падна гума за време на полетувањето, што е најнов инцидент по неодамнешните проблеми за американскиот производител на авиони. Авион на Јунајтед ерлајнс полетал од Лос Анџелес за Јапонија со 249 луѓе, но веднаш се вратил на аеродромот.

Паднатата гума заврши на паркингот на аеродромот, при што беа оштетени неколку автомобили, но нема жртви, објави локалниот медиум КРОН4. Јунајтед нагласи дека патничките авиони се дизајнирани да можат да слетаат доколку дојде до таква ситуација.
Боингот 777 има шест тркала на секоја страна под крилата.
Новиот инцидент се случи по оној кога задната лева врата за итен случај падна на летот на Боинг Алјаска ерлајнс на почетокот на јануари. Американските власти задолжени за безбедноста на воздушниот сообраќај започнаа истрага, а извештајот на независната комисија назначена од регулаторот на ФАА укажа на недостатоците во безбедносните системи на производителите.

08.03.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега