ВИДЕО: Најтажаната слика од поплавите во Србија - „Водата ни влезе дома и ни уништи се“

Поројните врнежи во едно српско село потопиле десетина домаќинства.

Вера Пајиќ цела ноќ поминала штитејќи го својот дом со вреќи песок, но бесупешно.

-Само што средивме и бојадисавме, надојде реката и се ни однесе. Ова е полошо од минатата година. Водата ни влезе дома и во гаража, се обидов да заштитам, но не успеав. Поплавата ми ги уништи куќните апарати и мебелот. Живеам сама и нема да можам да се средам после оваа непогода - рекла низ солзи Вера.

Според првичните информации се излеала и реката Чемерница во Чачак, на што биле предупредени граѓаните.

-Ситуацијата во Чачак е напната и незисвесна, нивотот на Чемерница не опаѓа, притоката Дичина е таа која прави проблеми, бидејќи се излеала во Присолничкото поле. Чемерница непрестано расте - рекол Милан Бојовиќ, градоначалник на Чачак.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега