(Видео) Расте бројот на мртви: Израел објави дека изгубил 350 луѓе, убиени над 200 Палестинци во Газа

 

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на земјата, објавија дека бројот на загинати Израелци од почетокот на нападот на Хамас се искачи на 350 жртви.

Армијата објави дека сега приоритет е да се прекинат борбите во израелските заедници и да се стават под контрола палестинските упади преку оградата што го дели Појасот Газа од Израел.

Палестинските екстремисти вчера влегоа во Израел и се обидоа да ја преземат контролата над израелските погранични населби.

Израелската војска објавила дека се убиени стотици палестински напаѓачи, објави Ројтерс, додека според последните официјални информации од другата страна, станува збор за над 200 лица.

„Заробени се десетици напаѓачи вооружени со огнено оружје“, соопшти ИД.

Претходно денеска Израел објави дека борбите со екстремистите се водат на осум локации.

08.10.2023 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега