(ВИДЕО) Стефковски го прекина пресот на СДСМ: Граѓаните имаат право да ја знаат вистината

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Горан Стефковски денеска излезе пред општината и ја прекина прес-конференцијата на Сузана Трпковска, советничка во Советот на Гази Баба од редовите на СДСМ.
 
„СДСМ мора да и погледне на вистината во очи.
По најавите за прес конференција на СДСМ пред општина Гази Баба излегов надвор со цел пред јавноста да ги соочиме фактите и аргументите во интерес на вистината.
Вистината е дека:
Околу 750.000 евра се потрошени за привремени вработувања во времето на мојот претходник од СДСМ. Покрај ова склучувани се договори на дело со надоместок од 91.500 денари по лице.
СДСМ манипулира, а граѓаните имаат право да ја знаат вистината.
Општина Гази Баба ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните. Времето на недомаќинско трошење на народните пари во Гази Баба заврши, пишува градоначалникот на социјалната мрежа Фејсбук.

Додека пак, советничката во Советот на Гази Баба од редовите на СДСМ, Сузана Трпковска на прес-конференцијата истакна река крајно неодговорно било однесувањето на градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Среде најголема енергетска и економска криза, градоначалникот Бобан Стевковски, наместо за граѓаните, 160.000 евра расипнички ги троши на партиски вработувања.
 
Тоа е вистинското безобразно, расипничко лице на најбогата партија во Европа во која нема никаква промена од времето на режимот.
Не е избран градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ да не работи ништо, а општинските пари на граѓаните вака да ги расфрла на партиски вработувања“, истакна Трпковска во своето обраќање.
 
Таа додава дека 160 илјади евра од општинскиот буџет биле големи пари за Гази Баба.
„Со нив може да им се помогне на граѓаните на Гази Баба, може да се финансираат многу проекти, може да му се помогне на  јавното претпријатие во Општина Гази Баба.
Како советничка група на СДСМ бараме од градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стевковски да престане со расфрлањето со народните пари“, дополни Трпковска.

25.03.2022 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега