(Видео) Стоилковски: Државна лотарија за само две недели дала 12 милиони евра за апарати за коцкање

 

Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање.

„Екс-шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18ти јануари. Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкањe“ изјави Стоилковски.

Тој додаде дека на сметка на сево ова, кратат плати во ФЗО, ги зголемуваат сметките за струја, нема сретства за студентите и за земјоделците.

06.02.2024 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега