(ВИДЕО) Судири меѓу армијата и нарко картелот во Мексико: Најмалку 29 убиени

Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на криминалните судири меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на Хоакин Гузман Лоера, еден од најозлогласените нарко босови во светот, попознат по прекарот Ел Чапо.

Како што опишаа мексиканските власти, ситуацијата на улиците во моментов потсетува на вистинска војна. Во пресметката досега загинаа 10 војници и 19 членови на криминална организација.

„Битката“ според написите ја започнаа членовите на картелот кои сакаа да спречат екстрадиција на нивниот „покровител“. Тие пукаа кон мексиканските војници со митралези на што армијата одговори со напад од борбени хеликоптери од типот „Црн Хок“.

Овид Гузман беше обвинет во САД во 2018 година за шверц на дрога.

07.01.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега