(ВИДЕО) Томовски: ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите на општините - дојдете и кажете ни ги идеите

Пред една година, кога градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го преземаа раководењето со општините наследија многу долгови, демотивирана администрација и многу нерешени проблеми. 365 дена сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ без исклучок се посветија во целост на решавање на проблемите на граѓаните, создавање отворени општини кои се сервис на народот и реализирање на ветеното, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покажуваме дека работата е нашиот бренд. Покажуваме дека може да се работи и дека може поинаку.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ отпочнува организирана акција на отворени денови во општините каде ја има одговорноста да управува и граѓаните ќе може да дојдат и предложат идеи кои ќе бидат вклучени во наредниот буџет, но и да се запознаат со идните проекти.

Општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја имаат одговорноста да управуваат со процесите ќе бидат отворени во наредните два викенди во период од 11 до 14 часот, рече Томовски и додаде:

„Тие кои нема да бидат во можност да ги посетат општините, ќе имаат можност и онлајн преку веб страната budzet.mk да ги предложат своите идеи.

Кон сите идеи ќе се пристапи со почит, студиозно и внимателно. Идеите ќе бидат разгледани од стручни тимови од општината раководени од градоначалникот и одговорните по сектори, кои имаат децениско искуство во водење на локалната самоуправа.

Секој буџет кој ќе се донесе ќе биде заедно со граѓаните. Затоа повикуваме да се биде дел од промените што носат иднина“.

01.12.2022 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега