ВИДЕО: Вее снег во Скопје
Времето денеска ќе биде облачно, уште од изутрина, со врнежи претежно од снег, а на југоистокот претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Попладне ќе дува умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2 степена, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Попладне ќе дува засилен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 стеоен, а максималната ќе достигне 3 степени.
Од среда следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа