ВИДЕО: Започнаа инциденти во Будва - претепано момче, народот извикува „не сакаме мафија“

На службениот влез во зградата на Општина Будва настанале нов тензии кога дошло до примена на сила и кога било претепано момчет Ѓорѓе Ѓурашевиќ, што предизвикало револт кај насобраните кои извикувале „не сакаме мафија“.

Фрлен бил и камен во правец на полицијата после што функционерите кои се наоѓале меѓу кордонот на полицијата и граѓаните предупредиле да нема напад врз полицијата.

Функционерите од Општината ја смириле масата. Претседателот на СО Будва Крсто Радовиќ рекол дека не смеат да дозволат да се испровоцира масата затоа што тоа е целта на оние кои се внатре во зградата.

Како што навел Радовиќ, внатре се „криминалци и крадци, облечени во некакви бели маици, а кои ги раководи Владимир Булатовиќ“.

„Не дозволуваат одборниците кои се легитимно избрани да влезат на своите работни места. Наша должност е да бидеме истрајни, да им оневозможиме на крадците да работат против нас, ова е ваша општина“, рекол пред насобраните граѓани.

Крсто Радовиќ повторил дека е важно да се воздржат од конфликт со полицјата.

 

„Немојте да ја напаѓаме полицијата, тие денеска примаат наредби, а ни сами не знаат од кој, ве молам разберете ги, и тие се фрлени во кал“, рекол тој.

Силните полициски сили пристигнуваат во Будва, покажуваат снимките на социјалните мрежи.

Да потсетиме, во Будва урово дошло до инциденти кога приватно обезбедување не дозволило на избраните раководители да влезат во зградата на Општината. Тие го истуркале градоначалникот Марко Царевиќ и не му дозволиле да влезе во зграда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега