ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да си даде оставка, неспособна е

Вчера за Арсовска беше виновна владата, а денес е виновен Управниот одбор на ЈСП кој што наводно го упропастил претпријатието. А Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот.
Сигурни сме дека не е виновна самата Арсовска, ниту пак оној несреќен директор чиј глас не го слушнавме на советот.
И додека Арсовска се договара со себе кој е виновен ЈСП пропаѓа. Оваа порака ја испраќаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со хаосот којшто се случува со јавниот превоз. 

„Денес 1.000 семејства се без плата, а 1.000.000 илјади граѓани без превоз.
Тоа е она што е важно и тоа е она што треба да се поправи. Добро е што градот конечно ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата распределба на средства за плати во ЈСП.
А Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

20.10.2022 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега