ВМРО-ДПМНЕ: Две недели молк за бегството на Мијалков

 

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна  на Мијалков да се сокрие два дена.Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана.

Ова изутрината го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата постави неколку прашања до власта поврзани со бегството на Мијалков.

-Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата? Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор? Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија? Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска? Вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, режијата за ова сценарио е добро позната.

-Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна. Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега