ВМРО-ДПМНЕ: На 8 мај ќе нема кој да го изгаси светлото во СДС

 

„На 8ми мај ќе нема кој да го изгаси светлото во СДС, со Ковачевски Македонија тоне, немаме повеќе држава. Слаби се собирите на СДС и Ковачевски кој вечерва во предвреме почната компања глумеше триумфализам, иако во себе знае дека губи 2:1“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски.

„Што се однесува на ЕУ, Македонија не се помрдна ниту милиметар кон Унијата додека се СДС и ДУИ во влада.

Изминативе 7 години имавме само криминал, корупција и мафијашки престрелки како држава.

До толку е неспособна власта што издавање на патни исправи не можеше да организира, и дозволи да се направи хаос.

Со СДС Македонија оди само назад.

Додека земјите од регионот од 2017 до 2023 година имаа раст на БДП над 50%, Македонија имаше раст од само 20%. Што повеќе е потребни за да се види колку е очајна состојбата во државата со Ковачевски? Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

29.01.2024 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега