ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев

Пиунот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Димитар Ковачевски треба да се извини за грабежот кој Заев и го приреди на државата во форма на 5 годишни буџети. За 60.000 останати без работа, за 5.600 фирми што ставија клуч на врата, за инфлацијата и десеткратно поскапата струја. Ковачевски да се извини на сите фирми и граѓани на кои Заевци им барале рекет, а за што гледаме дека излегуваат и сведоштва како во писмото на Бојан Јовановски до Заев, за што самиот тврди дека има докази во неговиот телефон, се вели во соопштението од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Ковачевски да им се извини на семејствата што загубија членови на семејствата бидејќи, како што велат, Заев и Филипче терале бизнис и политика во пандемија.

-Ковачевски да се извини за сите лаги кои Заев ги изрече, за безбројните датуми, кои само што не ги добивме, а сепак на крај не ги добивме. Ковачевски треба да се извини на целата нација затоа што Заев и Филипче 5 месеци не обезбедија вакцини затоа што бркаа провизии, а народот мораше да оди во соседните земји за да се вакцинира. Ковачевски да им се извини на фамилиите кои изгубија членови на семејство затоа што Заев и Филипче тераа бизнис и политика во пандемија. Ковачевски мора да се огради од Заев и да се извини, во спротива докажува дека е само негов пиун, и ништо повеќе од тоа, се вели во дописот.

 

29.12.2021 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега