ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија, Галовеј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба на државата, предизвиците од сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, криминалните афери од страна на владата на СДСМ и притисокот со кои се соочуваат просветните работници од страна на ресорните министерства и премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот Мицкоски во разговор со амбасадорката истакна дека ситуацијата секојдневно се влошува, потенцирајќи дека владата на СДСМ и Ковачевски ја носат државата во пропаст.

Според претседателот Мицкоски ваквата слика во државата покажува дека реформите се повеќе од потребни, како на промена на власта, така и во секој сегмент од животот, нагласувајќи дека со одржување на предвремени парламентарни избори граѓаните ќе изберат промени и иднина, како и дека ќе можат да ја казнат владата за сите лоши и штетни политики кои ги спроведуваат изминатите 5 години откако се на власт.

Воедно, претседателот Мицкоски и се заблагодари на Галовеј за досегашната поддршка која Обединетото Кралство на Велика Британија и ја дава на Македонија.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и интензивирање на соработката и пријателскиот однос.
21.04.2022 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега