ВМРО-ДПМНЕ: Раскол во СДСМ


Раскол во СДС, две фракции не можат да се договорат за началничкото место за внатрешна контрола во АНБ, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено утрово.
 
Директорот на АНБ во заминување, Виктор Димовски до Комисијата која го надгледува работењето на службите во Собранието, доставил предлог за началник на внатрешна контрола во АНБ, како што е според закон од институцијата, Комисијата треба да го верификува и така поставениот началник има мандат од 6 години.
 
Пратениците од СДС и ДУИ кои се мнозинство во Комисијата не присуствуваа на седницата. Односно го бојкотираат нејзиното одржување. Ова е прв пат власта да се бојкотира сама себе. Ова е доказ дека врвот на СДС не се согласува со изборот на Виктор Димовски.
 
Во СДС се води тивка војна помеѓу две фракции за превласт во АНБ. Ковачевски сака да воспостави целосна контрола, но очигледно од внатре добива отпор. 
 
Штетата од караниците во СДС, кои се водат преку институциите ја трпат граѓаните - велат од ВМРО-ДПМНЕ
21.09.2022 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега