ВМРО-ДПМНЕ: СДС нуди половични решенија од кои никој нема реална придобивка
„СДС нуди половични решенија и тоа не е доволно. СДС мора да ги прифати барањата на општините за ставање на регулиран пазар не само на училиштата, туку и на јавните претпријатија. Со популистички мерки кои ги носи владата нема да се реши хаосот кој се случува со енергетската криза. Неспособноста на владата на СДС и ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, а граѓаните се, се посиромашни. Во енергетиката се наталожија толку многу проблеми кои што од власта не се способни да ги решат. СДС може само да креира проблеми, но не и да понуди нивно решение“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ нуди мерки од кои никој нема реална придобивка.
„СДС да се охрабри, да се надмине себеси и да го прифати планот за справување со енергетската криза кој го понуди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со овој план, ќе се обезбеди двојно поевтина струја за стопанствата и граѓаните, а ќе се зачуваат и многу работни места. Со СДС на власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Потребни се итни предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа