ВМРО-ДПМНЕ: СДС знае дека 900.000 ќе излезат на референдум - казната ќе стигне

Антимакедонската СДС знае дека ќе излезат над 900 илјади граѓани на референдум, и ќе мораше да има избори на кои Ковачевски ќе изгуби, затоа Талат го крши Уставот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС знае дека над 60% од Македонците подржуваа референдум и ќе излезеа на истиот.

СДС се исплаши зошто по дебаклот на референдумот и поништување на договорот со Бугарија, ќе мораше да има предвремени парламентарни избори, на кои ќе изгубеа повеќе од двојно во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што избегаа од референдум само покажува дека се свесни дека нивните политики се штетни за државата, но со полна свесност одат против интересот на Македонија и народот, само за гола власт.

СДС можеби избегаа од референдум, но од одговорноста пред народот не може. Казната ќе стигне - велат од ВМРО-ДПМНЕ

15.09.2022 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега