ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за само три години успеа да ја задолжи државата за скоро 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра

СДСМ за само три години успеа да ја задолжи државата за скоро 1 милијарда евра и долгот порасна над 5 милијарди евра, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата реагираат на пресконференцијата на Кузевска и велат дека Македонија со Заев на чело е прогласена за хибриден режим. 

„Криминалот стана секојдневие, наместо да гледаме како се носат инвестиции, гледавме како се носат торби со рекетирани милиони.

Обвинителите чекаа Заев да одлучи, а судиите Заев да пресуди. 

Македонија со СДСМ доби само хибриден режим. Криминал и корупција на секое ниво.

Слушнавме како братот на Заев давал насока за палење на коли, а братучедот одобрение кој може да води бизнис.

Македонија со Заев на чело само губеше изминативе три години.

Македонија не смее да продолжи да губи и понатаму“ стои во реакцјата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега