ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери си ја додели улогата на уставен судија

„Талат Џафери противправно си ја додели улогата на уставен судија“, кажа на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Според неа, власта бега од соочување со народот затоа што знаат дека ќа има излезност на референдумот и знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата.

„Џафери е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот. Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Ззаконот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на рефендуми“, децидна е Стојаноска.

Таа потенцираше дека ова дополнително ќе ги заостри опдносите во собранието за што виновна ќе биде власта.

„Не се работи за менување на меѓународен договор, референдумското прашање е дали сте за престанот на важењето на договор со Бугарија“, рече на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

 

13.09.2022 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега