ВМРО-ДПМНЕ: Владата е виновна за ценовниот шок, нивната неспособност сега ја плаќаме преку високи цени во маркетите

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста.

„Владата е виновна за ценовниот шок, нивната неспособност сега ја плаќаме преку високи цени во маркетите.

Во изминатиов период цените на основните продукти се зголемија и за 100%. Тоа не е само резултат на надворешни фактори, туку во голема мера на неспособноста на владата. Имено недостатокот на пченица и пченка, а со тоа и повисоките цени на брашното и лебот се резултат на намаленото домашно производство и ненавременото полнење на резервите.

Неспособноста и криминогеноста на власта во енергетскиот сектор допринесе за трошење и до 50 милиони евра месечно за купување на скапа струја и покривање на разни загуби. Тоа е се затоа што пред почетокот на грејната сезона ја оставија РЕК Битола без јаглен, а хидро акумулациите ги испразнија и продаваа струја кога таа беше евтина, за подоцна да купуваат скапа струја.

И додека цените се се повисоки, парадокс се случува во земјоделието, откуп нема, а кога има цените се ниски, и тоа во ек на недостаток на храна на многу места во светот. Тоа е показател дека власта е неспособна да најде пласман и подобри услови за нашите компании и земјоделци.

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата. Заради нив кризата е се подлабока во секој сегмент“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
04.05.2022 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега