ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака договорени проценти

Пописот во Македонија започнува на 1-ви април. До тогаш може да се поднесе закон за поништување на Законот за попис, но сепак СДСМ -ДУИ пак ќе го изгласаат по брза постапка и пописот во Република Македонија ќе започне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-А, секојдневно вртоглаво растат бројките на заразени од вирусот КОВИД-19, а се уште нема вакцини ниту за граѓаните, ниту за попишувачите од СДСМ. И поради ваквата ситуација логично е да се бара одложување на пописот, но Владата за жал не ја интересираат жртви. Владата е насочена единствено кон договорени проценти. Повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се однесува на регистрирање на државјанства, тие не влагаат во резидентно население и нема потреба од нивно регистрирање при попис. Од тука неспособната и лажлива власт манипулира со населението и создава хаос во државата. Единствен начин да се делегитимира овој процес и да се прикаже манипулативноста на Владата е да се попишат сите државјани на Република Македонија, тогаш ќе има неколку милиони државјани, а за резидентно население ќе се има договор, се вели во дописот од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега