ВМРО-ДПМНЕ: Власта за 8-ми Септември не го спомена името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата

 

„Власта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?3- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

-Ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8-ми Септември не се најде името Македонија.

Власта како да се срами од сопствената држава.

СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.-додаваат од партијата.

„Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.

СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“.„Власта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?“- стои во соопштението.

09.09.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега