ВМРО-ДПМНЕ: Забрчанец тукушто призна дека на дневна основа контролира медиуми, новинари и уредници

„Марјан Забрчанец тукушто призна дека на дневна основа контролира медиуми, новинари и уредници. Забрчанец ја признава дневната комуникација со Бојан Јовановски, којашто според Јовановски, значела испраќање на напишани текстови и содржини коишто требало да бидат објавени во етер. Забрчанец тукушто призна дека има новинари на платен список задолжени за верување и за фалење на владата, како и за платена владина пропаганда од новинари со кои раководи Марјан Забрчанец“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со фејзбук статусот на Марјан Забрчанец.

„Марјан Забрчанец тукушто ги пушти по вода новинарите и уредничкиот колегиум на некогашната 1ТВ, телевизија на чиешто крунисување на сопственикот Бојан Јовановски присуствуваа сите министри од СДСМ, како и членовите и симпатизерите на СДСМ во државно- политичкиот, обвинителско - судскиот и општествен врв.Македонија е држава во која што владината  служба за комуникации и односи со јавноста селектира достапност до информациите, селектира новинари и медиуми, ја поддржува владината поделба на провладини и опозициски медиуми“, се вели во писменото соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

„Во Македонија има цела низа на медиуми, новинари и медиумски работници коишто се осудени, а за друга низа се водат истраги или судски постапки.Во Македонија ниту Зоран Заев, ниту член на владата не се појавил на интервју или емисија во, според поделбата на Владата чија што служба за комуникации и односи со јавноста е водена од Марјан Забрчанец, проопозициски медиум.Слободата на медиумите во Македонија блеска само во вестите веројатно уредувани од Марјан Забрчанец, со од него однапред напишани текстови и одобрени видео материјали и линкови.Признанието на Марјан Забрчанец ја дооформува сликата зошто Македонија е прогласена за хибриден режим“, додаваат во соопштението.

25.12.2021 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега