ВМРО-ДПМНЕ: Заев изгуби, поразен е заевизмот

Народот го порази Заев. Поразен е заевизмот и народот бара промени. Народот јасно кажа дека Зоран Заев и СДСМ се извор на кризите во Македонија. Заради Заев сме до гуша заглавени во здравствена, енергетска и економска криза. Заради Заев сме рекордери по смртност во КОВИД пандемијата. Заради нивната неспособност сме тотално неподготвени за енергетската криза која претстои. Заради недомаќинското работење сме на дното по странски инвестиции во регионот и со најслаби економски показатели . Заради нивната криминализираност сме на врвот по корупција во Европа и светот, заради аматеризмот сме во ќор сокак во евроинтегративните процеси, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев се причината поради која Македонија тоне и затоа кога веќе е поставена дијагнозата, време е да се реши проблемот. Решението на проблемот наречен Заев и СДСМ  се брзи предвремени избори.Народот му покажа на Заев црвен картон. Народот одбра промени и време е тие промени изразени недвосмислено на локалните избори да се преточат во стабилна влада според волјата на народот, се додава во соопштението на партијата.

04.11.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега