ВМРО-ДПМНЕ: Започнаа градежните активности на коридорите 8 и 10д, за почеток ископана една дупка

 

Цела влада на СДС и ДУИ на чело со првиот вицепремиер Артан Груби денеска присуствуваа и се сликаа на искупување на една дупка на патниот правец Тетово – Гостивар; соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За почеток е ископана една дупка, а со оглед на тоа дека владата единствено ја бидува за криминал, по се изгледа дека оваа дупка ќе остане единствената градежна активност на коридорите 8 и 10д кои што ќе чинат над 1,3 милијарди евра.

Ова е само еден од милион докази дека не станува збор за историски проект, туку историски криминал на владата на СДС и ДУИ“ велат од опозициската партија.

 
01.06.2023 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа