ВМРО-ДПМНЕ: Животните трошоци поскапуваат, оправдани се барањата за повисоки плати

Граѓаните се соочуваат со стрмоглав пад на стандардот. Платите и пензиите не можат да ја следат галопирачката инфлација. Инфлацијата во месец март достигна 8,8%. Заради ваквата ситуација над 35% од народот е во ризик од сиромаштија. Животните трошоци поскапуваат и затоа оправдани се барањата за повисоки плати.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата треба да ги покачи платите на вработените во образованието, бидејќи и тие имаат право на достоинствен и пристоен живот. Недозволиво е вработените кои придонесуваат во образувањето на нашите деца да бидат со плати малку над минималната плата.

Платите во образованието, како и во градинките, треба да се зголемат согласно колективниот договор и истите треба да бидат нивелирани согласно зголемената минимална плата.

09.04.2022 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега