Во нападот кај Москва најмалку 40 загинати

Според прелиминарните податоци, 40 лица загинале, а повеќе од 100 се повредени во терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во московската област, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на центарот за односи со јавноста на ФСБ (Федералната служба за безбедност).

– Прелиминарно, како резултат на терористичкиот напад во комплексот Крокус Сити Хол во моментов има 40 мртви и повеќе од 100 повредени, соопштила ФСБ.

Според локалните медиуми хоспитализирани се најмалку 21 лице, а четворица се во тешка состојба.

Неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.

Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.

22.03.2024 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега