Во Словенија рекорден број заразени од коронавирус – 1.503 за еден ден

Во Словенија, и покрај полицискиот час и новите ограничувачки мерки, денеска е забележан рекорден број на заразени лица – 1.503, според официјалните податоци на Министерството за здравство.

Во последните 24 часа биле тестирани 5.891 лице.

-И покрај сите мерки, вирусот сè уште се шири брзо во Словенија и овие бројки се нов рекорд, наведуваат словенечките медиуми.

Сега бројот на активни случаи во Словенија се зголеми на 8.860.

-Словенија сега има 423 пациенти на 100.000 жители“, пренесува „Јутарњи лист“.

Полицискиот час што беше воведен во понеделникот, првпат по независноста на Словенија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега