Во студените денови правите голема грешка: Важни совети за родителите на бебиња

Бебињата не ја задржуваат температурата како возрасните затоа кога претстојуваат надвор во текот на студена есен и во зимата облеката треба да биде прилагодена на временските услови – тоа да не биде ни премалку, но ниту премногу облечено.

Кожа

Кожата на бебето е склона кон сушење и пукање во зимските месеци, па затоа се препорачува редовно мачкање со крема за навлажнување.

Слоеви облека

Според стручните лица, бебето треба да носи еден слој облека повеќе отколку што родителот облекува на себе. И не повеќе. Дополнително ќебе на детското седиште во автомобилот не е на одмет, сѐ додека тоа не го задушува протокот на воздух.

Исто така, се препорачува да се изолира на количката за да се намали изложеноста на студ кај бебето.

Врат

Ако вратот е топол и влажен, тоа значи дека на бебето му е премногу топло. Доколку пак, вратот му е ладен, треба да биде облечено потопло.

Раце

Најсигурен знак дека на бебето му студи, се ладни и црвени раце, нивно треперење, како и бледи или црвени нозе и модри усни.

16.10.2021 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега