ВО ЖИВО: Повторно насилни протести во Белград, се слушаат шок бомби, а демонстрантите фрлаат камења

Протестите во Белград против повторното враќање на рестриктивните мерки и полициски час во Србија и денеска насилни.

Демонстрантите се обидуваат да влезат во српскиот Парламент, а пред влезот кордон од полициски службеници се обидува да ги спречи.

Се слушаат шок бомби, а безбедносните сили фрлаат и солзавец.

Полициските службеници пред малку се повлекоа од платото пред Парламентот, но повторно ја зазедоа истата позиција за да ги спречат демонстрантите да упаднат внатре.

08.07.2020 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега