ВО ЖИВО: Започна собраниската седница за избор на техничка влада
Започна 141. собраниска седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Северна Македонија.
Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Во Програмата, меѓудругото, мандатарот Џафери наведува дека приоритет на оваа влада ќе бидат успешно организирање на слободни, фер и демократски избори на 24 април и 8 мај, продолжување на сите процеси кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со ЕУ и забрзаната европска интеграција, раст и развој на економијата, пораст на животниот стандард преку зголемување на минималната и просечната плата и пензиите во 2024 година, намалување на инфлацијата, и одржување на ценовната стабилност и на вработеноста, директна поддршка на граѓаните и компаниите во 2024 година, владеење на правото, борбата против криминалот и корупцијата, целосен ред и поредок на државата, продолжување на реформските процеси на сите државни нивоа.
Следете ја во живо собраниската седница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа