Возило се запали на булевар во Делчево

Возило се запали на булевар „Македонија“ во Делчево. Пожарот прв го забележал случаен минувач кој вели дека најпрвин слушнал експлозија, по што возилото почнало да гори.

Пожарот го пријавил до Територијалната противпожарна единица, чија дежурна екипа интервенирала со едно возило.

-Интервениравме на задниот дел од возилото, пожарот бргу го изгасивме и не дозволивме негово ширење на другиот дел од возилото, велат од ТППЕ Делчево.
 
Засега не е позната причината за пожарот. Пожарот е пријавен околу 03:45 часот. 
04.08.2022 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега