Законот за амнестија на осудените за „27 април“ нема да се најде на дневен ред
Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, кој беше поднесен од адвокатите Јанаки и Пешевски, нема да се најде на дневен ред.
Од вкупно 99 пратеници, 40 гласале ЗА, 58 ПРОТИВ и еден ВОЗДРЖАН.
И покрај денешниот апел на адвокатот Јанаки до пратениците во Собранието да дадат шанса да се разгледа предлог-законот, дел од нив сепак одлучија да не го дадат својот глас.
16.03.2023 - 17:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа