Зеленски смета дека Русија зимава ќе се обиде да го уништи електроенергетскиот систем на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ќе се обиде да го „уништи“ електроенергетскиот систем на неговата земја оваа зима, како што направи минатата година кога ги засили масовните напади врз критичната инфраструктура.

– Оваа зима руските терористи повторно ќе се обидат да го уништат нашиот електроенергетски систем, рече Зеленски во неговата дневна видео порака емитувана на социјалните мрежи, додавајќи дека украинските власти се „целосно свесни за опасноста“.

06.10.2023 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега