Жерновски: Сите патишта водат кон Бихаќка и Заев, се друго е приказна за големи деца и мали политичари

Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, со својот последен статус на социјалните мрежи најавува дека Али Ахмети, лидерот на ДУИ, е тој кој ќе дојде на преговори во седиштето на СДСМ на „Бихаќка“, а не обратно - Заев да оди во Мала Речица за формирање на Влада.

„Сите патишта водат кон Бихаќка и Заев Кога ќе се прочитаат Уставот, законите и изборните резултати, вистината е само една- сите патишта водат кон Бихаќка и Заев. Се’ друго е приказна за големи деца и мали политичари“, напиша Жерновски попладнево на Фејсбук.

Структурата и бројот на освоените пратенички мандати по одржаните предвремени параментарни избори е таква што се создаде мантра дека „сите ќе одат кај Ахмети во Мала Речица за преговори за формирање на нова Влада“.

- Ќе има големи преговори. Ќе има големи преговарачки маси, Мала Речица ќе стане најпознатото место во регионот. Онака како што се случи пред 4 години, како да е организација на Обединети нации.

Вака Али Ахмети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговори на прашањето од новинарот на ТВ 21: Што ќе се случи доколку СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ победат на изборите, и не прифатат Насер Зибери да биде премиер?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега