Жугиќ: Денес требаше со пеперутки во стомакот да истурам чаша вода по син ми Ахил, ама ова не е нормална држава

Син ми Ахил требаше да го започне своето средно образование, требаше со пеперутки во стомакот да истурам чаша вода по него додека излегува од дома, за арно, за убаво и лесно да му е, со нетрпение да очекувам пораки на вибер дали е со другарите од основновно во исто одделение, па кој му е класен/класна, па со кого во која клупа и редица седнал…денес требаше да биде празник во мојот дом, оти “знаењето е сила, знаењето е моќ” е максима во моето семејство генерации наназад, напиша актерката Јелена Жугиќ на својот Фејсбук профил.

„Требаше….требаше…и ќе беше, да бевме нормална држава, која се грижи за образовниот систем како за најдрагоцениот темел на кој почива иднината.

Со ваква држава треба да се плашиме за иднината на младите“, напиша Жугиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега