Зимско сметање на времето - викендов ќе ги поместиме стрелките еден час наназад

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври) ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега