Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 10 милиони евра во општина Неготино


Прво сакам да му честитам на градоначалникот, на општинската организација на советот, навистина се прави една огромна работа, доволно е само да погледнете околу нас и да видите дека навистина се решава огромен проблем за голем број на жители кои што живеат тука во ова населено место, целосна инфраструктура како што кажа и градоначалникот одвод, довод, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Понатаму, асфалтирање на улиците, тротоарско решение, нешто што ќе го подобри значајно квалитетот на живот на сите овие луѓе тука, рече Николоски.
 
„Тука има и доста млади брачни парови со деца кои ќе можат да имаат едно пристојно место за живеење. Јас морам да признам дека е исклучително убава оваа населба и дека ќе е најубавото место за живеење во општина Неготино.
 
Тоа што ние сме договорени со градоначалникот е дека после парламентарните избори и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сериозни големи средства ќе влегуваат во општина Неготино. Планираме децентрализација на средствата од буџетот, на државно ниво планираме околу 250 милиони евра годишно да слегуваат во општините. 
 
За општина Неготино најмалку повторувам најмалку ќе слегуваат од 2 до 2.5 милиони евра што значи дека ќе имаме еден циклус четиригодишен од 10 милиони евра кој што треба да ги затворат сите отворени прашања во општината, поврзани со инфраструктурни прашања, како што се канализациони и водоводни системи, пречистителна станица доколку е потребно, асфалтирање на сите улици кои што не се асфалтирани. 
 
Понатаму решавање на сите пешачки патеки, понатаму состојбата со градинките и училиштата, како би можеле после четири години овие прашања да ги затвориме еднаш засекогаш, да има квалитетен живот за секој граѓанин на општина Неготино и на сите останати општини во државата, како би можеле после тоа да решаваме поголеми проблеми“, посочи Николоски.

Николоски потенцираше дека ќе има еден силен инвестициски циклус кој што ќе почне уште од летото.

„Нашиот план е во текот на месец јуни да ја формираме Владата, веќе јули да има ребаланс на Буџет и онаму каде има готови проекти веќе од август да почнат да се работат тие проекти. Така што сум убеден дека ќе доаѓаме на отворање на многу, многу проекти како што е навистина овој убав проект еве каде што сме денеска.

Исто така денес ќе имаме средба и со земјоделците со претставниците на земјоделскиот сектор каде ќе поразговараме за актуелните состојби во земјоделието. Тие се лоши, тие се катастрофални, пред се од негрижата на Владата за земјоделците да се промени начинот на субвенционирање, тоа доведе до преполовување на земјоделското производство.
 
Овој начин на субвенционирање на земјоделието не само што не дава резултати, туку ги брка земјоделците од нивите и ги тера да си ја бараат среќата по Германија, Швајцарија, Австрија, да ја напуштаат Македонија тоа е жално и затоа ќе работиме на сериозна промена на системот на субвенционирање, враќање на добрите пракси од минатото и воведување на нови пракси кои ги носи новото време со цел подобрување на состојбата на земјоделците, зголемување на површините кои се под обработка и многу повеќе луѓе да си ја наоѓаат среќата во земјоделието“, кажа Николоски.
20.03.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега