Ахмети: Веруваме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивни ситуацции, од голем интерс е да не го изгубиме чекорот за членствo во ЕУ

Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања, смета претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

Тој во изјава за Канал 5 вели дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

– Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата,  ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот за членување во Европската унија, рече Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега