Без вода дел од општина Центар


Без вода од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Петар Попарсов“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“, „Диме Аницин“ и „Роза Луксенбург“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект од од ф – 80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ број 16.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

13.03.2024 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега