Делови од Скопје денеска ќе останат без вода


Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради дефект на приклучна цевка од 1“ на ул. Рилски Конгрес бр.10 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Рилски Конгрес.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Исто така поради двоење во шахта на ул.Софиска бр. 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Софиска, Његошева, Копенхагенска Бриселска, Гаврил Лесновски, Стокхолмска и Петар Драганов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

12.03.2024 - 08:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега