Епископот Партениј и целото монашко братство и сестринство на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Епископ г. Антаниски, игумен на бигорската Обител и монашко братство и сестринствата, од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство, вчера биле на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската патријаршија.

– На овој величенствен прием, на кој присуствуваше и митрополитот Халкидонски, г. Еманиул, Вселенскиот Патријарх уште еднаш ја покажа својата огромна љубов кон Црквата Божја, како вистински татко на православните. Тој изрази голема почит кон нашиот духовен татко и старец, кој имаше посебно обраќање кон Неговата Сесветост, изјави за МИА, отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Пред Патријархот, исто така, вели тој, било прочитано и монашко послание од „името на сите наши браќа и сестри“.

– Потоа, свое пригодно обраќање имаше и Сесветиот Патријарх, во кое ја искажа својата татковска грижа за сите нас и за Црквата наша. Накрај сите зедовме благослов од него, целивајќи му ја светата десница. Средбата во Фанар беше вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението, посочува тој.

Посетата на Вселенската Патријаршија, нагласува, е остварена со благослов на митрополит г. Тимотеј дебарско-кичевски, а водени од нашиот старец, освен што се удостоивме да го видиме Сесветиот Патријарх се поклонивме на чесните мошти на Светите отци наши Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, како и на Светите маченички Ефимија и Соломонија и на Светата царица Теофана.

– Си заминавме од Константипол, Царицата на градовите, исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј, заклучува отец Кирил.

16.12.2021 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега