ЕУ воведува царина за земјоделските производи на Русија и Белорусија


Во наредните денови Европската комисија ќе воведе царина од 95 евра за тон жито од Русија и Белорусија и царини од 50 отсто за маслодајните семиња и нивните деривати, со цел да ги смири своите земјоделци и некои земји-членки.

Тарифата што ја подготвува ЕК е одговор на протестите на земјоделците низ ЕУ против ограничувањата на Зелениот план, кој има за цел да се бори против климатските промени и да ги воведе тарифите за украинските земјоделски производи кои беа укинати по рускиот напад во 2022 година, пренесува Фајненшл Тајмс.

Земјоделците од Полска, Унгарија и Словачка тврдат дека укинувањето на царините во Украина ги поткопало нивните цени, а полскиот премиер Доналд Туск ја повика ЕУ целосно да го забрани увозот на земјоделски производи од Русија и Белорусија.

19.03.2024 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега