(ФОТО) Лимон стар 285 години продаден на аукција за неверојатна цена: на себе криел многу важна порака

Аукционер кој купил стар плакар бил изненаден кога во него нашол стар и исушен лимон.

На него забележал многу чудна порака: „Господин П. Лу Франсини на 4 ноември 1739 година до госпоѓицата Е. Бакстер“.

Всушност овој стар лимон бил романтичен подарок стар 285 години.

Се претпоставува дека лимонот е донесен од тогашната колонијална Индија, а е пронајден во „исклучително добра состојба“, пренесува Express.

Бидејќи се работи за необичен предмет, лимонот е понуден на аукција во „Бретелс“. Се очекувало да достигне цена од 40 до 60 евра, но истиот бил продаден за дури 1300 евра.

Имајќи предвид дека целиот плакар бил купен за 30 евра, сопственикот на истиот имал многу среќа.

06.02.2024 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега