Граѓани и фирми на државата и должат 164 милиони евра

Бројот на должници кои се платиле данок е искачен на 5.573, од нив 1.857 се правни лица, а 3.716 физички лица. За 25 е зголемен бројот кај правните лица во однос на претходната објавена листа, а кај физичките лица за 74.

Вкупниот нето долг кон државата изнесува 10,108 милијарди денари, што е за 1,054 милијарди денари повеќе од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9,925 милијарди денари или повеќе за  1,078 милијарди денари од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 184 милиони денари (помалку за 23,9 милиони денари од претходната листа).

Оваа листа се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.

10.01.2024 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега