Илиеска: Во Буџетот за 2023 година има многу средства за непродуктивни трошоци

Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнпто гостување на телевизија 24 кажа дека реализацијата на капиталните инвестиции е многу мала за годинава, а се предвидуваат поголеми за 2023 година.

„Ми смета кога се планираат капитални инвестиции, а претходната година е многу мала нивната реализација, а се проектираат многу повисоки за 2023. Или нивната реализација претходната година беа 600 милиони, а годинава 800 милиони. Со ребалансот ги намаливме тие 600 милиони за 100 и нивната реализација е 40 проценти за 2022 година до октомври“, рече Илиеска.

Според неа непродуктивните трошци во криза треба да бидат намалени.

„А во случајов имаме зголеми трошоци по однос на плати, стоки и услуги повече од 2022, патните трошоци исто се зголемени, договорните услуги исто така се зголемени“, укажа Илиеска.

Сите зборуваме за ЕУ и велиме дека правиме се за да ја намалиме корупцијата и организираниот криминал, рече таа и додаде, а за стапката за јакнење на правото во Буџетотт за 2023 година планирани се еден милион денари и имаме намалување за 50 проценти поради тоа што во потпрограмата организиран криминал има нула денари.

Илиеска се осврна на инфлацијата која достигна речиси 20 проценти.

„Земјите во регионот сите имаат пониска инфлација. Ние сме во првите десет земји со голема инфлација и жал ми е што е така. Цените се зголемени на храната, потоа на облеката и други производи и сакам да потенцирам дека сиромашните се најпогодени од инфлацијата. Храната зазема најголем удел затоа е така. Се сомневам дека следната година ќе биде полесна година. Мислам дека треба посериозни мерки за инфлацијата за да не расте“, кажа Илиеска.

Истакна дека од први јануари 2023 година треба да се воведе прогресивно оданочување за кое сите релавантни чинители рекоа дека во економска, енергетска криза не е време за вакви работи.

„Зголемување на данокот на личен доход или прогресивно оданочување или за одредени видови приход за кои се плаќало данок 10 проценти ќе се оданочуваат 15 или 18 проценти.  Дополнително од Буџетот може да се види дека владата планира зголемување на даноците и препознавам дека сите релевантни чинители од стопанството алармираа дека сега не е време за зголемување на даноците и беше поднесен амандман за одложување на прогресивното оданочување кој не помина, ама пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе поднесат амандман за одложување и предлог од каде да се најдат средства за предвидените или планираните“, укажа Илиеска.

Сепак според неа се уште не е јасно кои производи од оние кои се со повластена даночна стапка од 5 проценти ќе се даночат со општа даночна стапка од 18 проценти тука е храна, вода, превоз, земјоделска механизација, комјутерска опрема.

28.11.2022 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега