Ковачевски: Еднакви и моќни жени е перспектива

Еднакви и моќни жени не е само слиган, еднакви и моќни жени е перспектива, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Осмомартовскиот марш кој во организација на Форумот на жени на СДСМ се одржа денеска во Прилеп
 
„Еднакви и моќни жени се потреба на државата, како што се потреба на светот. Затоа ја имате мојата почит сите кои бевте столбови во семејствата дома и борци на теренот - кога требаше да се добие една од најважните битки во современа Македонија, обновата на демократските вредности. Почит и кон сите определени кон рамноправност и еднакви човекови права, со што обезбедивме мир во нашата држава и успешно градиме Едно општество за сите, без разлика на какви било различности;кон сите вас кои сте и денес столбови на семејствата, но и столбови на државата –моторна, движечка сила, на прогресивна, современа атлантска и европска Република Северна Македонија!“ порача Ковачевски. 
Претседателот Ковачевски истакна дека денес, во 21-от век, кога повторно мирот и безбедноста се на испит, светот повторно се сврти кон упорноста, трпението, разбирањето и љубовта, преку коишто жената, мудро, носи одлуки и наоѓа решенија за предизвиците.
05.03.2023 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега